Променливо облачно и натпросечно топло


Фото: Б. Грданоски

Променливо облачно со сончеви периоди и натпросечно топло ќе биде денеска, покажува прогнозата на Управата за хидрометеорлочпки работи (УХМР). Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 30 степени.

 Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 30 степени.

УХМР најавува дека утре ќе продолжи да дува умерен до засилен јужен ветер што ќе услови натпросечни дневни температури. Во понеделник попладне и во вторник ќе биде облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за поинтензивни процеси во форма на невреме. Од вторник дневната температура осетно ќе се намали.