Промени во Надзорниот одбор на Развојната банка
Народна банка на Република Северна Македонија, одобри претходна согласност за именување на членови на Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, со мандат од четири години. Почнувајќи од 10.12.2021 година, за членови на Надзорниот одбор на банката се именувани Магдалена Симоновска, Вјолца Ејупи и Милаим Амети. Новите членови на Надзорниот одбор на РБСМ, располагаат со богати биографии од банкарскиот, приватниот и јавниот сектор.
Надзорниот одбор врши надзор на работењето на Управниот одбор, ги одобрува политиките за вршење на финансиски активности и го надгледува нивното спроведување. Членовите на Надзорниот одбор се и претставници на државниот капитал во Собранието на банката, се вели во соопштението до медиумите .