Променет режим на сообраќај на патот Демир Хисар – Битола


Режимот на сообраќај на патот Демир Хисар – Битола денеска ќе биде променет.

Како што најави Автомотосојузот на Македонија, поради градежни активности при поставување индуктивни јамки на регионален пат Р1305, патен правец Демир Хисар – Битола, во времетраење од еден ден, ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.