Промена на власта во седум општини во Црна Гора
Според прелиминарните резултати од неделните локални избори во 14 црногорски градови, смена на власта се случи во седум општини.
ДПС на претседателот Мило Ѓукановиќ беше на власт во осум од 14 градови каде што беа избрани локалните власти. Но, ДПС, како што сега стојат работите, ќе формира власт само во Бар, Плав и Биело Поле, додека политичките сили што ја освоија власта на државно ниво на 30 август 2020 година беа убедливи во Зета, Жабљак, Плевле, Даниловград, Колашин, Будва и Тиват.
Во Рожае апсолутна победа оствари бошњачката партија.
Коалицијата „Сите за нашиот град“ освои најмногу гласови на изборите во Подгорица, но мнозинството го имаат партиите кои победија на парламентарните избори во 2020 година.