Пролетен моден изглед: Каролина знае најдобро

Поп-ѕвездата Каролина Гочева го поднови гардероберот со нова спортска елегантна комбинација во боја на фуксија, на шпански моден бренд.

Овој пат се работи за меѓусезонско, модерно облекување. Фуксијата која доминира како боја е одлична за да го долови вистинското пролетно расположение кое владее деновиве.

Здолниште со разигран принт и капут одличен за дневни и вечерни излегувања, а сето тоа дополнето со металик патики и ултра впечатливи обетки.

Урбан и во исто време женствен изглед.

Каролина денес е препознатлива по својот стил кој значи: тренд, префинетост и мерка, стил кој никогаш не ја прави да изгледа постара и посериозна. Благодарение и на нејзината екипа која се грижи за нејзиниот стајлинг.

Брендовите пак во Македонија се тепаат за неа како заштитно лице и не се вознемируваат што ја гледаме насекаде и што не е никому ексклузивец. Велат, доволно е популарна и убава, и си има своја естрадна и модна публика. (Л.С.)