Проклетството на ВАР и во атлетиката


 

Технологијата ВАР полека влегува во сите спортови и според мислењето на многумина ја убива магијата на спортот.

Иако треба да им ја олесни работата на судиите, спортистите може токму поради неа да не постигнат успех.

Во атлетиката ВАР се користи од Европското првенство во Белград 2017 година.

Последица на користењето на оваа технологија е голем број дисквалификации на натпреварувачи затоа што не е допуштено ни милиметар да се згази линијата, што е посебно тешко на кривините.

ВАР повторно го привлекува вниманието на спортската јавност на Светското првенство во Доха кое во моментот е во тек.

На ова првенство дисквалификуван е тркачот на Бахамите, Теренс Џонс, кој се натпреварува во трката на 200 метри.

Уште понесреќен е примерот како ВАР влијае на атлетиката за Блесинг Окагбаре, спринтерка од Нигерија. Таа реши да ја прескокне трката на 100 метри и сета сила ја сочува за трката на 200 метри, но поради примената на ВАР технологијата, таа беше дисквалификувана од трката.