Профитот на „Гаспром“ помал за 40 отсто, нема да дели дивиденда


Руската државна компанија за природен гас „Гаспром“ денеска објави дека профитот за 2022 година е намален за повеќе од 40 отсто и дека нема да плаќа дивиденда за целата година.

Таа информација ги намали акциите на „Гаспром“ за околу 4 отсто на московската берза. Државата поседува нешто повеќе од 50 отсто од таа компанија.

Годишниот профит беше 1,226 трилиони рубљи (15,4 милијарди долари), 41 отсто помалку отколку во 2021 година.