Професори од Градежен факултет ја проценуваат состојбата на железничкиот мост кај Градско


ЦУК известува дека, согласно информирањето од Македонски железници дека поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско (во близина на Стоби), железнички сообраќај на овој патен правец е во прекин, (и патнички и товарен), но патничкиот сепак се одвива со „премостување“ – со автобуски превоз.

На барање на Македонски железници професори од Градежен факултет вчера биле излезени на терен и извршиле увид на состојбата со мостот.

Потоа биле на состанок во ЈП „Македонски железници“ се со цел изнаоѓање на решение за санација на мостот и мерки и активности кои што треба да се превземат за да се надмине настанатата состојба.

За донесените одлуки ЦУК дополнително ќе информира кога ќе добие известување по завршувањето на анализите и разгледувањето на ситуацијата.