Професор повел матурант на натпревар кој во име на неговиот син освоил трето место


Не може синот на професорот истовремено да биде во Италија и на натпревар. Ова го констатирала неготинската гимназија откако добила допис дека нивен ученик во трета година, син на професор од училиштето, добил трета награда на државен натпревар.

Ова го објаснува директорот Драган Василев за МИА, по скандалот дека професорот ментор, наместо синот од трета година, на натпревар повел матурант, да решава задачи наместо него.

– Веднаш реагиравме до организаторот да не издава диплома за освоено трето место на погрешно лице. Доставивме известување за случајот до Министерството и полицијата. По налог на просветен инспектор, дисциплински ќе одлучуваме за професорот, нагласи директорот.

Одморот на професорите завршува во понеделник и во најбрз рок се очекува да се формира дисциплинска комисија која ќе решава за случајот.