Проект WE MAKE: Потребно јакнење и унапредување на женското претпримништво


Јакнење и поттикнување на конкурентноста на женското претприемништво, сузбивање на стереотипите дека жената треба да е заштитена и да не презема ризици, поттикнување таа да се насочи кон профитабилни професии, да отвори свој бизнис, биле целите на проектот што во изминатите 16 години се реализирал „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“, финансиран од Европската Унија, преку ИПА програмата.

Во моментов околу 30 отсто од компаниите во земјава се управувани од жени. Тоа е состојба која, како што вели Валентина Дисоска претседателка на Асоцијацијата на бизнис жени, треба да се промени за да се искористи целосниот потенцијал на жените. Тие во пракса се покажале како претприемачи кои повеќе се грижат за вработените и општеството, не само за својот бизнис.

Затоа се работело со млади девојки од средно образование, со жени до 30 години, со претставници на локални самоуправи и институции, со цел, како што вели, да се затвори кругот, за да може да се подобри женското претприемништво. Младите девојки биле поттикнувани да размислуваат да се насочуваат кон профитабилни професии, како ИКТ секторот, да не инсистираат да бидат вработени и да не избираат ниско буџетни професии. Со младите жените до 30 години се работело преземат иницијатива за бизнис, и да влезат во профитабилни сектори, зелена економија и социјално претприемништво.

-Она што го направивме е приближување на развојната мисла на женското претприемништво, ги поттикнавме да има кажеме дека не мора да бараат некаде работа, и тоа во институција каде ќе немаат можност да се искажат, да напредуваат и да се надградуваат. Претприемништвото може да биде основна нивна цел во животот и тоа може да биде профитабилно и добро за нив, рече таа.

Со младите жени разговаравме и работевме на вмрежување и зголемување на иновативност за развој на бизниси и зголемување на можностите за извоз. Направен е кластер, кој како што рече Дисоска, не е воспоставен како правна единка, но неговите цели и работа се искристализирани. Донесена е национална стратегија за женско претприемништво лани во декември, а усвоен е акцискиот план и буџет. Еден од столбовите на стратегијата е пристап до државни финансии преку фонд за развој на женско претприемништво.

Мери Ен Рукавина Ципетиќ од ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска и Здружението на бизнис жени, преку која се спроведуваше проектот вели дека процентот на жени кои раководат со компании или имаат бизнис е исто така околу 30 проценти. Има воспоставен систем за унапредување на состојбите и околу 15 години и финансиска владина поддршка. Пречки за унапредување на оваа бројка нема, вели таа но, потребно е да се работи и на уривање на стереотипите за жени претприемачи и подигнување на привлечноста и имиџот на жена претприемач.

-Сé уште кога имаш женско дете дома и се образува, а знаеме дека сега жените се пообразувани и повеќе и подобри школи завршуваат од мажите, сепак не е пожелно тие да тргнат по патот на претприемништвото. Општеството сé уште сака жената да биде заштитена и да не презема ризик. Тоа е наследена состојба и се бориме против тие стереотипи и вештачки кочници, вели таа.

Според неа, во изминатиот период жените претприемачи покажале дека можат да опстојат во криза, и тоа можеби и подобро од мажите. Ефектот, вели, од компанија раководена или во сопственост на жена не е само економски, туку и на општеството воопшто.

Во рамки на овој проект вечер ќе бидат доделени WE MAKE награди за најуспешните жени претприемачки, во девет категории: Start up компанија, Иновативна компанија, Агро бизнис, ИКТ и СТЕМ, Зелена економија, Експорт, Компанија со најголем успех основана од млади (до 30 години), Компанија со најголем успех во изминатата година, и Социјално претпријатие.