Проекција на  филмот „Старателство“


По повод Меѓународниот ден на женските права и во знак на одбележување на месецот на Франкофонијата, во Кинотека на Северна Македонија од 20 часот ќе биде прикажан  филмот „Старателство“.

Филмот е на на Гзавие Легран, снимен во 2017 година, со Леа Дрикер, Дени Миноше и Тома Жорија во главните улоги.

Ја обработува темата за децата како жртви при бракоразводна постапка на родителите, но и за насилството во семејството.

Добитник е на бројни награди, меѓу кои и четири награди Цезар – најдобар филм, најдобра женска улога, најдобро сценарио и најдобра филмска монтажа.

Билети за проекцијата може да се резервираат во Кинотеката.