Продуцентот Стив Бинг изврши самоубиство со скок од 27 кат


САД- Поранешниот партнер на познатата актерка Елизабет Харли, филмскиот продуцент Стив Бинг почина по скок од 27 кат на зграда во Калифорнија.

Извор близок до починатиот тврди дека 55-годишниот Бинг страдал од депресија предизвикана од самоизолацијата за време на пандемијата на коронавирусот, што е и причина за овој трагичен настан.

Освен по филмските достигнувања, Бинг во јавноста беше познат и по бурниот љубовен живот и врските со славните убавици како Ума Турман, Никол Кидман и други. Во 2002 година со актерката Елизабет Харли доби син кој многу години подоцна го призна. Лиз Харли сама го растеше нивниот син. Има и ќерка со поранешната тенисерка Лиса Бондер.

Беше продуцент на разни филмски хитови како „Polar Express“ и „Kangaroo Jack“, а неговото богатство е проценето на повеќе стотици милиони долари.