Продолжува уривањето на дивите објекти на Нефи Усеини во Охрид


Во Охрид денеска продолжи да се уриваат дивоградбите на бизнисменот Нефи Усеини, кој е и советник во општинскиот Совет. Се уриваат дивоиградената база за бетон, како и хотелот што се наоѓа во близина.

Општина Охрид почна со отстранувањето на дивите објекти на плажите, како шанкови, настрешници, подзидоци. Минатата недела Уставниот суд за привремено запирање на уривањето на објектите, но градоначалникот Константин Георгиески изјави дека тие ќе продолжат со активностите затоа што имаат правосилни решенија донесени уште минатата година. Општината доби поддршка за акцијата и од амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, кој минатата недела беше во Охрид. Градот мора да отстрани многу од дивите објекти бидејќи со нив се загрозува статусот и на Охридското Езеро и на Охрид во Унеско.