Продолжува трендот на високи бројки од Ковид-19 во Хрватска
Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 2.494 нови случаи на зараза со вирусот корона, а бројот на активни случаи во Хрватска денеска изнесува 12.135.
Од нив 2.123 пациенти се на болничко лекување, од кои 264 на респиратор.
Починаа уште 51 пациенти или вкупно досега 7.315.
Од почетокот на пандемијата досега од корона вирус се разболеа 339.412 лица, а оздравеа 319.962.
Тестирани се вкупно 1.846.554, од кои 10.446 во последните 24 часа.
ДО 4 мај вакцинирани се 734.556 лица.