Продолжува растот на новозаболени во Србија, денеска 137 нови, еден почина


Според последните информации, во Србија од Ковид-19 се заразиле уште 137 лица, а еден пациент почина.

Со тоа вкупниот број заразени порасна на 13.372, а починаа 264.

Во последните 24 часа тестирани се 7.311 лица, или вкупно 366.380.

Во моментот има 954 активни случаи, а на респиратор се 24 лица.

Процентот на смртност во Србија е 1,97 отсто