Продолжува притисокот врз Мицкоски да свика конгрес

Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со притисокот врз лидерот на партијата Христијан Мицкоски да одговори на барањата на незадоволните членови во партијата и да се соочи со резултатите од неговата работа досега. За денес е закажана прес конференција на овој одбор на која  ќе му пратат порака дека  треба самиот да се одважи и да се соочи со членството.

Од одборот не кажуваат колку луѓе стојат зад иницијативата но се сигурни дека ќе има се повеќе. Дека е така покажаа вчера и пораките до членовите на опозициската партија со кои беа повикувани да даваат јавно поддршка на лидерот бидејќи тоа го заслужувал, но место тоа некои од нив ја „пуштија“ таа информација во јавноста.