Продолжува периодот на сончево и топло време


Фото: Б. Грданоски

Продолжува периодот на сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер главно од северозападен и западен правец. Долж Повардарието повремено ветерот ќе засилува.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 21, а максималната од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе биде висок – 9. 

Во Скопје, слично време со утринска температура до 16 степени и дневна до 33 степени.

Синоптичарите најавуваат стабилно време и во следните денови освен во петок попладне и во сабота кога се очекува нестабилна облачност со локален дожд и грмежи.