Продолжува јавното сослушување за импичмент на Трамп


Поранешниот специјален американски пратеник за Украина Курт Волкер и претставникот на Советот за национална безбедност Тим Морисон пет часа сведочеа пред комисијата за импичмент во Претставничкиот дом на Конгресот кој е предводен од демократите. Комисијата треба да утврди дали претседателот Доналд Трамп ја злоупотребил функцијата и дали се обидел да добие помош од странска влада против неговиот можен ривал на претстојните претседателски избори Џо Бајден.
Во центарот на вниманието е телефонскиот разговор на Трамп со претседателот на Украина Зеленски при што Трамп побарал Киев да покрене истрага протув екс потпретседателот Бајден и неговиот син Хантер.