Продолжува изградбата на Турскиот театар во Скопје- на ред се термо фасадата и целосната стаклена фасада



Турски театар-Скопје во 2020 одбележа седум децении постоење на сцената на Театар Комедија, каде што работи во изминатите неколку години.

Во јули 2015 година беше поставена темел- плочата на театарот кој треба се гради на површина од 2.600 квадратни метри. На тоа му претходеше решавање на имотно-правни прашања и расчистување на теренот. Турски театар со децении функционираше заедно со Албанскиот театар во некогашниот Театар на народностите на Битпазар. Поранешниот заеднички објект му е предаден на Албанскиот театар и беше реконструиран од темел. Додека траат градежните работи , ансамблот на Турскиот театар своите претстави ги изведува на сцената на „Комедија“.
Капацитет за повеќе од 450 гледачи
Турскиот театар чии идејни автори се Виктор Михајлов и Александар Наумчески ќе биде модерен објект кој ќе го краси Скопје и ќе биде на 8 нивоа од кои 5 надземни и 3 подземни.

Турскиот татар ќе биде современ технолошки објект кој ќе располага со две сцени со вкупен капацитет од над 450 гледачи. Малата сцена ќе биде со површина од 180 м2 и максимален капацитет до 150 посетители, а големата сцена во објектот ќе располага со гледалиште со капацитет од 329 седишта. Покрај основната фунцкија на објектот, планирано е во негови рамки да има и изложбена галерија, културно-информативен центар и мултимедијална сала. (Л.С.)