Продолжи ерупцијата на вулкан на Хаваите
Ерупцијата на вулканот Килауа на Хаваите продолжи, соопшти денеска Геолошкиот завод на САД за следење на вулкаснки активности.
Нивото на предупредување заради вулканот е подигнато на „црвено“, откако е проценета силата на еруоцијата и потенцијалните опасности кои произлегуваат од неа, пренесе Ројтерс.
Килауа е активен вулкан на Хавајските острови. Сместен покрај југоисточниот брег на Големиот остров Хаваи, вулканот е стар меѓу 210.000 и 280.000 години и се појавил над морето пред околу 100.000 години.