Продажбата на винил-плочи повторно порасна во 2021 година, благодарение на АББА


Англија– Албумите на Адел, АББА и Ед Ширан помогнаа продажбата на винил-плочите во Англија да надмине пет милиони за прв пат од 1991 година.

Речиси една четвртина од купените албуми оваа година (23%) беа на винил, а најпродаваниот е Abba’s Voyage.

Продажбата на ЦД-а продолжи да паѓа. Купени се само 14 милиони дискови – најниска бројка од 1988 година, шест години откако форматот беше воведен во Англија.

Сепак, падот на продажбата на ЦД-а беше помал отколку во последниве години, при што продажбата се намали за 12%, во споредба со речиси една третина во 2020 година.

Тоа е делумно затоа што уметниците како АББА и Адел им се допаѓаат на постарите слушатели, кои сè уште го претпочитаат форматот.

Повторното оживување на винилот продолжи во 2021 година и покрај сериозните одложувања во производството, предизвикани од комбинација на Ковид, проблеми со синџирот на снабдување и недостиг на работна сила, како и недостиг на суровини како ПВЦ и производи од хартија.

Еден извештај ја обвини Адел дека го успорила производството на винил-плочи со преднарачки за нејзиниот нов албум, 30 – но нејзината нарачка од 500.000 плочи сочинува само 0,3% од ЛП-овите објавени оваа година. (Поголем проблем е што побарувачката за винил го надминува производствениот капацитет за фактор 2:1).

На крајот, враќањето на Адел беше во сенка на  повторното враќање на сцена на легендарната шведска поп-група  АББА, која го изненади светот во септември објавувајќи го својот прв албум со нов материјал по повеќе од 40 години.

Насловен како Voyage, во првата недела на продажба, продаде 29.891 примероци, по обемната кампања за преднарачки што им овозможи на фановите ран пристап до билетите за виртуелните концерти на Швеѓаните следната година.

Voyage стана најбрзиот продавач на винил-плочи овој век, според компанијата за официјални графикони.

Продажбата на касети, иако претставува мал дел од музичкиот пазар, исто така се зголеми деветта година по ред.

Албумот „ 30“ на Адел забележа 75% од продажбата на топ листите што се припишуваат на купувањата во физички формат за време на неговото петнеделно владеење на врвот на топ листите.

И покрај тоа, уделот на пазарот на стриминг се смета дека дополнително се зголеми оваа година.