Прочитајте што е забрането да се прави во Сплит од оваа сезона, казните се 300 евра
Градскиот совет на Сплит донесе одлука за јавен ред и мир во градското подрачје, според која за несоодветно постапување на јавни места ќе се казнува во туристичка сезона.
Според таа одлука, консумација на алкохол на јавни површини (површини на помалку од 100 метри од училишта и градинки, во зона А, која го опфаќа подрачјето на градот во рамките на барокните бедеми), вршење нужда на јавни површини, спиење во паркови, на тревниците, плоштади и други површини за јавна употреба; консумација на храна или пијалок на јавни површини, престој во угостителски објекти по истекот на работното време, ќе се казни со 300 евра.
Прифатена е измена за парична казна од 300 евра за: качување и седење на споменици и спомен-плочи; влегување, качување и/или капење во фонтани и нудење и договор за такси услуга која не е однапред договорена, пренесува Хина.
Глоба од 150 евра ќе се казни за повраќање на јавни површини и градежно-монтажни работи од 14 до 17 часот и од 22 до 19 часот за да се спречи бучава.
Како што е објаснето, оваа одлука за казни ги зема предвид медиумските написи во последната туристичка сезона за недоличното однесување на туристите на јавни места во Сплит, што предизвика револт кај жителите на тој град.
Со оваа одлука, како што се наведува во образложението, се дефинираат прекршоци против јавниот ред и мир на подрачјето на градот Сплит, кои на недозволен начин го нарушуваат јавниот ред и мир, работата или редот на животот на жителите, попречуваат движење по улиците, неморални се и ја загрозуваат општата безбедност на луѓето и имотот.