Процесот за поуки од поразот во СДСМ почнува идната недела
Главните структури на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (неговото раководство и Извршниот одбор) од наредната недела почнуваат состаноци за отпочнување на постапката за свикување на отчетен конгрес по изборните резултати на партијата на двојните избори, велат од СДСМ.
Од партијата брифираат дека на конгресот ќе бидат разгледани причините за изборниот пораз, спроведените анализи и извештаи за работењето на СДСМ, а се очекува да бидат дефинирани и роковите и начинот за спроведување на внатрепартиски избори.
„Процесот на обнова ќе биде на сите нивоа, ќе се избира претседател, заменик-претседател, раководство, сите органи и тела на партијата на централно и локално ниво, согласно Статутот на СДСМ“, велат од СДСМ.
Одржувањето на внатрепартиските избори во СДСМ го најави сегашниот лидер Димитар Ковачевски ноќта на 8 мај, но не поднесе оставка. Во деновите по поразот оставки поднесоа неколку лица од врвот на партијата.