Процесот на пристапување на Западен Балкан е бавен и нерамноправен


Австрија, Италија, Словенија, Словачка, Чешка и Полска ја изразија својата подготвеност да се ангажираат на подобрувањето на процесите за пристапување на Западен Балкан кон ЕУ.

Министрите за надворешни работи на шесте земји во ЕУ оценија во писмото до претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер дека моменталниот процес на пристапување на Западен Балкан е бавен и нерамноправен.

Ја повикуваат Европската комисија до јануари 2020. година да претстави конкретни предлози како да се подобри ефикасноста на пристапниот процес како инструмент за поддршка на реформите и интеграциите на Западен Балкан.

Министрите од шесте земји констатираат дека консолидацијата на Европа не може да биде завршена без Западен Балкан, а дека европската перспектива е извор на мотивации за реформи во земјите од регионот.

„Без било какви сомнежи трајната стабилност и безбедност како и продолжување на реформскиот процес во регионот најдобро може да се оствари преку ЕУ интеграцијата. Пристапниот процес е најважен инструмент за остварување на оваа цел и како таков дава клучен придонес за безбедноста и напредокот на Унијата“, се заклучува во текстот од писмото.

Претходно министерката на Франција Амели де Моншален изјави дека шест земји од ЕУ побарале од Европската комисија да се направат предлози кои процесот за пристапување кон ЕУ би го направиле „поефикасен и поопиплив“, што, според нејзините зборови, се дополнува со финансискиот предлог.