Коце Трајановски се подновил со куќа, се сменил ГУП и ДУП за да гради во Керамидница


Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, се подновил со нова куќа, во скопската населба Керамидница, објави Призма.
Во истражувањето на Призма е наведено дека куќата е на два ката и според податоците од Катастар, има вкупна површина од 392 квадратни метри, заедно со подрумските простории и со терасите. Градежната дозвола за градба била издадена 31 март 2017 година од Oпштина Гази Баба, во времето на градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Трајковски. Маркичката е добиена со промена на ДУП, исто така во време на градоначалникот Трајковски.
Иако Трајановски за Призма потврдил дека куќата е негова, всушност, не е директен сопственик, туку таа е во сопственост на фирма што тој ја купил минатата година заедно со својата сопруга. Компанијата се вика „Природна органска храна ДОО“ и на нејзино име се водат три катастарски парцели во Керамидница, со вкупна површина од 1.895 квадрати. На една од парцелите се гради објектот.
Фотографија- Призма