Приземјени сите летови во Нирнберг поради вонредна состојба
Затворањето се случи непосредно пред закажаното слетување на авион од грчкиот остров Крф. Портпаролот на аеродромот потврди дека авионот слетал безбедно, но дека летовите се уште се прекинати додека полицијата ја обезбедува областа. Тој, исто така, потврди дека авионот бил следен од борбени авиони „Еурофајтер“.
Портпаролот на полицијата изјави дека сомнителната вонредна состојба сè уште не е потврдена.Пилотите на авионот пријавиле „можно видување“ на дрон во текот на ноќта, пишува „Скај њуз“. Како што потврди полицијата, инцидентот се случил откако тројца пилоти независно пријавиле објект, можеби дрон, за време на слетувањето и полетувањето.
Инцидентите се случиле помеѓу 2 и 4 часот наутро, соопшти локалната полиција. Исто така, бил лансиран и хеликоптер, но пријавениот објект не бил потврден.Граничниот инспекторат на аеродромот во Нирнберг покрена мерки за истрага и откривање на пријавениот објект, што резултираше со привремени прекини во воздушниот сообраќај во текот на споменатиот период.