Приврзаниците на претседателот Сиси победија на изборите за египетскиот Сенат

Партиите кои го поддржуваат египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси освоија огромно мнозинство во новоформираниот втор дом на египетскиот Парламент, Сенатот, покажуваат првите официјални резултати од изборите.

Само околу осум од 62 милиони регистрирани гласачи излегоа на изборите за Сенатот, што се одржаа на 11 и 12 август, па затоа излезноста беше само 14,23 проценти, изјави во средата претседателот на Националната изборна комисија Ласин Ибрахим.

Според резултатите од изборите, провладината партија Мостакбал ватан (Иднина на нацијата) ќе биде најсилна во новото советодавно тело без законодавни овластувања, формирано врз основа на уставните измени донесени минатата година, пренесуваат британските медиуми.

Во Сенатот ќе има 200 избрани сенатори и 100 назначени од претседателот.

Од 200-те избрани кандидати, половината се од партиските листи, додека останатите се индивидуални кандидати.

Според Ибрахим, листата предводена од партијата Мотакбал ватан освои третина од местата, а се избрани и 74 независни кандидати.