Привремената претседателка на Боливија, Жанин Ањес, излекувана од Ковид-19

Боливија– Вршителката на должноста претседател на Боливија, Жанин Ањес, соопшти дека е излечена од коронавирусот и дека се вратила на своите редовни работни активности, јави Тасс.

Ањес на Твитер објави дека била пуштена од болницата и дека е вратена на работа.

Таа на 9 јули на Твитер напиша дека е заразена со коронавирусот, дека нема компликации за време на лекарскиот третман и дека и натаму ги извршува своите должности во самоизолација.

Покрај Ањес, неколку други високи боливиски функционери претходно соопштија дека се заразени со коронавирусот, вклучувајќи ги и министерот за надворешни работи, министерот за економија и претседателот на Сенатот.

Во Боливија, од почетокот на пандемијата, здравствените власти  потврдија 69.420 случаи на заразени лица, повеќе од 2.580 умрени , а над 21.160 излечени.