Привремен сообраќаен режим на „АСНОМ“ и „Васко Карангелески“


Центарот за управување и контрола на сообраќајот ги известува граѓаните дека во тек е реализацијата на втората фаза од проектот за изградба на мост на реката Вардар што ќе ги спои улицата „Васко Карангелевски“ и улицата Индустриска 1, во населбата Ќерамидница.

Ве известуваме дека од денеска на овој потег ќе биде воспоставен привремен сообраќаен режим и тој ќе важи до завршување на градежните работи.

Поради измената на режимот на сообраќај, постојната автобуска станица во близина на СЦ „Јане Сандански“ ќе биде дислоцирана и ќе биде соодветно обележана.