Приведено лице во Штип по распишана потерница


Полицијата вчера приведе едно лице од Штип кое се барало за издржување на затворска казна.

– На 9-ти месецов, во 12:30 часот на улица „Радански пат“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Џ.И.(34) од Штип. За него била распишана потерница врз основа на судска наредба со која се барал за издржување на затворска казна, појаснуваат од МВР.

Лицето било приведено во полициска станица, а потоа спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната.