Приведени тројца скопјани поради напади на полицајци


Тројца скопјани се приведени поради агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Се работи за три одделни случаи, а против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

Во првиот случај синоќа, во 19:45 часот, на подрачјето на Шуто Оризари бил приведен Р.С.(22) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Во скопското село Сарај синоќа, во 18:45 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле С.М.(61) од село Глумово поради што агресивно се однесувал кон полициски службеници.

Во третиот случај, во Полициската станица Драчево вчера полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ш.К.(45) од скопското село Цветово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.