Приведени „диви тркачи“ со мотори од скопските улици


Приведени четворица од осум санкционирани моторциклисти, од страна на Секторот за сообраќајни работи при БЈБ и СВР Скопје кои во времето од 19 часот вчера до 3 часот утрово спровеле акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат „диви трки“ на подрачјето на Скопје.

Од приведените, тројца моторциклисти биле однесени во Полициската станица Карпош, а еден во Полициската станица Кисела Вода поради правење на бучавост над дозволената со нивното движење на моторциклите и поради неносење соодветна документација за истите.