Приведена кичевка која нападнала жена со метален предмет


Во петокот, од страна на полициски службеници од ОВР Кичево лишена е од слобода А.И.(49) од Кичево, бидејќи околу 13 часот, на ул.„11 септември“ во Кичево, го нарушила јавниот ред и мир и, по претходна вербална расправија, со метален предмет ја нападнала Л.А.(34) од Кичево.

А.И. е приведена во полициска станица и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.