Приведен сопственик на угостителски објект во Тетовско, работел по дозволеното време

Во средата, околу 23.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода М.Ј.(50) од село Пирок, Тетовско бидејќи во угостителски објект во негова сопственост во с. Пирок, имало гости и работел по дозволеното време, односно не ги почитувал мерките за справување со ширењето на корона вирус.

По целосното документирање на случајот на М.Ј. ќе му биде изготвен соодветен поднесок за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.