Приведен секретарот на бугарскиот претседател

Пламен Узунов, секретар за правни и антикорупциски прашања на бугарскиот претседател Румен Радев, денеска е приведен во рамките на истрагата за тргување со влијание.

Претходно, обвинители, претставници на Министерството за внатрешни работи, на Бирото за заштита на сведоци извршија претрес во канцелариите на претседателската администрација.

Претресот е одобрен и од Воениот суд во Софија, како и од Специјализираниот кривичен суд.

Бугарскиот државен обвинител Иван Гешев изјави дека бил извршен претрес и се одземени материјали од две канцеларии, кои ги користат советникот и секретарот на претседателот Радев.

Специјализираното обвинителство ги испитува како сведоци Пламен Узунов и бизнисменот Пламен Бобков, кои подолг прериод комуницирале на различни темi, меѓу кои и за предлозите за амбасадори.