Приведен поранешниот директор на централниот регистар, Андреа Поповски

Приведен е поранешниот в.д директор на централен регистар, Андреа Поповски и најмалку 4 други вработени во Централниот регистар. Засега не се открива за што точно се осомничени.

Појаснување за ова, финансиската полиција најавува за утре.

Поповски е кадар од ВМРО-ДПМНЕ и беше на чело на централен регистар три години, од 2014 до 2017 година.