Приведен криумчар на мигранти


Полицијата денеска попладне околу 17 часот на автопатот „Пријателство“, меѓу Табановце и Куманово го лиши од слобода И.Ѓ.(32) од Гевгелиско. 

Како што информира МВР, И.Ѓ. во патничко моторно воџило „пежо“ превезувал три лица мигранти од Непал.

-По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во соопштението.