Приведен битолчанец за доиздржување затворска казна


Фото: Б. Грданоски

Полицијата во Битола денеска врз основа на судската наредба го привела В.А. (40) за доиздржување казна затвор, за кого била распишана потерница.

Во соопштението од МВР се наведува дека денеска во 10.30 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и Полициската станица Битола, врз основа на судска наредба, го привеле В.А.(40) од Битола за доиздржување казна затвор од една година и два месеца во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп.

За него била распишана потерница за осудено лице кое избегало од затвор, осуден на две години и седум месеци затвор.