Притвор за Нефи Усеини и брат му


Судот одреди мерка притвор за бизнисменот и советник во општина Охрид Нефи Усеини. Мерката е одредена и за неговиот брат. Двајцата се сомничат за делото насилство, јави „Сител“.

Вчера беше поднесена кривична пријава за советникот во општина Охрид Нефи Усеини и неговиот брат во врска со инцидентот кој се случил пред хотел во Охрид каде што тие двајца го напаѓаат Спиро Топаловски.