Притвор за чичко кој малтретирал внуци во Градски парк


Фото: Б. Грданоски

Кривичниот суд му изрече мерка 30 денa притвор на чичкото кој ги малтретирал своите внуци во Градскиот парк.

Имено, тој вчера во Градскиот парк во Скопје го врзал за дрво 10-годишниот внук, кој имал аутизам, а со прачка ја тепал неговата 10-годишна сестра.

Случајот бил пријавен од минувачи кои ги снимиле настанот, а Единицата за насилен криминал поднесе пријави до обвинителството за малтретирање и запуштање дете.

Според информациите од Обвинителството, осомничениот 46-годишник едното дете го врзал со внатрешната гума од мопед за стеблото на едно дрво. Детето не можело да се ослободи, па неговата сестра се доближила до дрвото да му подаде шише за да се напие течност.

Осомничениот најпрвин ја прекорил, а потоа ја удрил со шлаканица по лицето и со ластегарка по стапалата.

Осомничениот е спроведен во Истражниот затвор во Шутка. ​