Пристигнаа последните уреди за проверка на отисокот од прст за изборите


Фото: Б. Грданоски

Со пристигнувањето на последната пратка од 1.300 терминални за гласање се комплетира вкупниот број од 4.000 илјади уреди кои на денот на изборите, 17 октомври, ќе бидат распоредени на 3.480 гласачки места. Биометриската опрема за гласање ќе се примени за прв пат на овие локални избори. Првиот човек на Државната изборна комисија Александар Даштевски уверува дека се е подготвено за денот на гласањето.

Вечер на полноќ завршува рокот и за пријавување за гласање на болните и немоќните. Додека рокот за лицата со Ковид -19 или во самоизолација е до 11 октомври на полноќ. Даштевски вели дека се работи за пократки рокови за пријавување а гласањето ќе го спроведуваат избирачки одбори во Ковид услови.

Овие лица, како и затворениците, лицата во притвор, во стaречките домови и внатрешно-раселените лица гласаат ден претходно, во сабота на 16 октомври, а за нив за утврдување на идентитетот и проверката дали веќе гласале нема да се врши со уреди за биометриска идентификација, туку за нив ќе користи спреј и УВ ламба.