Пристигнаа пингвините во ЗОО Скопје


Конечно вечерва во Скопје Зоо пристигнаа и пингвините, соопштија од скопската Зоолошка градина.

– Тие полека се адаптираат во својот нов дом и ја добија првата вечера, а остварија и прв контакт со своите нови Зоо негуватели.
Периодот кој следува ќе бидат во карантин, за полесно да се приспособат на живеалиштето, а ние постојано ќе ве „частиме” со интересни фотографии и видеа се додека не дојде моментот да ги видите и во живо.
Пингвинчињата ќе живеат во современо живеалиште правено по светски стандарди, со голем надворешен базен и внатрешен топол дел со затворен базен – велат од зоолошката.

Се заблагодарија на Град Скопје што им овозможија ново прекрасно катче во градината, со уште попрекрасни птици за првпат кај нас.