Пристигнаа 38.400 вакцини преку Ковакс механизмот


Вечерва пристигнаа 38.400 вакцини од производителот „Астра Зенека“ кои ги обезбедивме преку Ковакс механизмот, информираше министерот Венко Филипче на својот фејсбук профил.

„Вакцините ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години“, напиша тој нагласувајќи дека количините постојано се надополнуваат, а граѓаните можат да се пријават на vakcinacija.mk