Пристига „Period Spirit“: Парфем кој ви помага при менструални тегоби


Шведска- Креаторите тврдат дека секое есинцијално масло во парфемот е специјално избрано за да ви ги реши менструалните тегоби.

Шведска компанија која произведува помагала за жените при породување и вежби, го лансира овој најконтраверзен производ во козметичката индустрија, инспириран од менструацијата.

Овој еликсир со урамнотежени PH вредности содржи дури 401 есенцијално масло (меѓу нив бергамот и лаванда) кои во текот на многу години го усовршувале козметички експерти, по француска рецептура стара над 100 години.

Парфемот ги ублажува физичката, емоционалната и духовната агонија, дури и го лечи ПМС- тврдат креаторите. Во парфимериите пристига во лимитирана едиција и ќе чини 100 долари.