Приштина: Самоубиство во карантин во студентски дом

Човек кој бил во карантин во студентскиот дом во Приштина, денеска изврши самоубиство со скок од петтиот кат, соопшти полицијата на Косово.

Форензичарите излегле на местото на несреќата и истражуваат.

Полицијата и итната помош го пренесле човекот што скокнал од петти кат во 17.20 часот во болница.

Полицијата не дава повеќе детали.

Студенстиот центар со одлука на министерството за здравство на Косово стана карантин за оние кои се враќаа од странство и во него сега се сместени нешто помалку од 200 луѓе.

Центарот има осум згради во кои во нормални услови престојуваат студенти од Универзитетот во Приштина.