Приштина гори: Падна Чешка, 15 меча без пораз


Косово го продолѓи неверојатниот низ од 15 меча без пораз. Репрезентативците во фудбал на нашиот северен сосед денеска во Приштина ја совладаа Чешка со 2-1 и се блиску до историски настап на Европско првенство.

Тие имаат осум бодови од четири кола, дури шест повеќе од Црна Гора и Бугарија. Пред нив е само Англија.

Денеска ја „свртеа“ Чешка, која поведе преку Шик, но Муричи и Војвода ја доведоа Приштина во делириум.

Косово последен пат изгуби во октомври 2017 година од Исланд на гости.

Во вторник, Косово ќе гостува на „Вембли“ кај Англија.