Природни состојки кои помагаат при херпес на усните


Пред нас е сезоната на настинки и грип, а штом ни ослаби имунитетот се појавуваат проблеми во вид на херпес на усните. Тоа може да биде многу непријатно.

Херпесот на усните е болест предизвикана од вируси. Со помош на овие предлози ќе се ослободите од херпесот на природен и безболен начин.

Прополис

Прополисот делува како природен антибиотик, но исто така има антивирусни својства. При појава на херпес се препорачува да користите капки или маст од прополис.

Кујнска сол

Неколку пати дневно ставајте мала количина сол на заболеното подрачје.

Сода бикарбона

Ставете 100 мл вода да зоврие, па во неа додадете 1 мала лажичка сода. Измешајте и тргнете од шпоретот. Од растворот, со помош на памучни вати, ставајте на усните неколку пати на ден.

Лук

Лукот е природно антивирусно средство. Две иситнети чешни лук измешајте ги со лажичка павлака, една лажичка брашно и една лажичка мед. Ќе добиете домашна маст против херпес, со која редовно ќе го мачкате заболеното подрачје на усните.

Лушпа од јајце

Тенката лента што се наоѓа на внатрешната страна од јајцето е одлично антивоспалително средство. Треба само да ја отстраните и ставите на болното место.

Пченкарен скроб

Измешајте 1 лажица пченкарен скроб и 1 лажица вода, по потреба може да додадете уште вода. Направената паста нанесете ја навечер, пред да си легнете.