Принцот Хари за одлуката да објави мемоари


 

Принцот Хари изјави дека одлуката да објави мемоари кои ги откриваат несогласувањата во британското кралско семејство се должи на желбата да се раскаже неговата приказна по 38 години „извртување на вистината“.

Хари даде интервју за британските мрежи „Си-Би-Ес“ и „Ај-Ти-Ви“ како дел од промоцијата на мемоарите „Spare“, кои пред објавувањето предизвикаа запаливи наслови во медиумите.

Во интервјуата емитувани во неделата, Хари рече дека кралското семејство е „соучесник во болката и страдањето“ на неговата сопруга Меган.

Хари рече дека неговата маќеа Камила, сопругата на кралот, објавила детали од приватните разговори во медиумите бидејќи требало да го рехабилитира својот имиџ по долготрајната афера со неговиот татко и дека тој бил една од жртвите на нејзините напори да се известува подобро за неа. 

Тој го повтори своето тврдење дека во кралското семејство постои „загриженост“ за бојата на кожата на неговото дете.

Хари и Меган првпат го спомнаа инцидентот во интервју со Опра Винфри во 2021 година. Тие не го идентификуваа членот на семејството кој изрази загриженост.

Хари рече дека епизодата е пример за „несвесна пристрасност“ наместо за расизам, додавајќи дека кралското семејство мора „да учи и да се менува“ за да биде „дел од решението, а не дел од проблемот“.

Тој исто така рече дека го сака своето семејство и дека ништо во книгата не е направено со намера некого да се повреди.

Книгата „Spare“ открива горчина во односите во кралското семејство, пишува „Би-Би-Си“.

Хари во книгата меѓу другото изјавил дека тој и неговиот брат го молеле татко им да не се ожени со Камила, како и дека принцот Вилијам физички го нападнал за време на расправија, пренесува Бета.

Палатата Кенсингтон, каде живее принцот Вилијам со сопругата Кејт и децата, и Бакингемската палата, каде живее кралот Чарлс со сопругата Камила, не ги коментираа наводите од книгата.