Принцот Ендрју во спор поради наводен долг од пет милиони фунти


Англија– Британскиот принц Ендрју е во судски спор поради наводниот долг од 5 милиони фунти што требало да им го плати на продавачите на луксузната планинска куќа во модерното скијачко одморалиште Вербиер на швајцарските Алпи, објави „Ле Темпс“.

Според францускиот весник, војводата од Јорк и неговата поранешна сопруга Сара, војвотката од Јорк, купиле луксузна вила во Вербиер во 2014 година, но не ја исполниле својата договорна обврска да ги исплатат продавачите во целост најдоцна до декември 2019 година.

Портпаролот на британскиот принц потврди дека имало спор меѓу двете страни, но одби да даде дополнителни детали.