Принцот Чарлс примал донации во кеш вредни милиони
Донациите за фондацијата на британскиот приц биле од поранешниот премиер на Катар, шеикот Хамад бин Џасим
Принцот Чарлс примил чанта во кој имало милион евра готовина од поранешен катарски премиер, објави британскиот весник „Сандеј тајмс“.
Весникот вели дека ова е една од трите парични донации од шеикот Хамад бин Џасим во вкупна вредност од три милиони евра.
Од кабинетотот на принцот одговорија дека донациите од шеикот биле пренесени веднаш до една од добротворните организации на Чарлс и биле следени сите правилни процеси.
Нема сугестија дека плаќањата биле незаконски.
Според „Сандеј тајмс“, принцот Чарлс ги примил трите парични донации лично од поранешниот премиер во периодот од 2011 до 2015 година.
Се тврди дека во една пригода парите биле предадени лично на состанок во седиштетето на принцот Кларенс Хаус. За другата пригода весникот објави дека готовината била сместена во торби од стоковната куќа „Фортнум и Мејсон“.
Во соопштението, Кларенс Хаус рече: „Добротворните донации добиени од шеикот Хамад бин Џасим веднаш беа предадени на една од добротворните организации на принцот, која го спроведе соодветното управување и нѐ увери дека се следени сите правилни процеси“.
Средствата беа примени од добротворниот фонд на Принцот од Велс, чија наведена цел е „да ги трансформира животите и да изгради одржливи заедници“, со доделување грантови за добри цели во области како што се заштитата, образованието, здравството и социјалната вклученост.
Фондот изјави за „Сандеј тајмс“дека неговите повереници заклучиле дека донаторот е легитимен и дека неговите ревизори ја потпишале донацијата.
Донациите за добротворните организации на принцот Чарлс се под лупа во последниве месеци по наводите дека една од нив му понудила на саудиски донатор помош за да обезбеди чест и државјанство на ОК.
Метрополитенската полиција претходно оваа година соопшти дека ги истражува тврдењата за фондацијата на принцот според Законот за почести (спречување на злоупотреба) од 1925 година.
Се смета дека фондацијата ја нуди својата целосна соработка и Кларенс Хаус рече дека принцот Чарлс немал никакво знаење за наводната понуда за почести или државјанство врз основа на донација за неговите добротворни организации.